Прелив од печурки со сирење
Кромидот ситно се сецка и се пржи на 100гр маргарин.Одкако ќе стане стакласт се додаваат печурките и се остава смесата околу 10 минути да динста соповремено мешање.Кон смесата се додаваат ловоровите листови. Одкако ќе се запржат печурките се наросуваат со брашното и убаво се меша додека се запржи и брашното. Се налеваат со 100мл вода од теглата од печурките и 300мл обична вода.
Сосот убаво се меша и се оставада вари на потивко околу 10 минути. На крај кон сосот се додава сирењето изрендано на покрупната страна од рендето, биберот и павлаката. Сосот убаво се промешува, се наросува со рузмаринот и се остава на исклучена рингла, ама покриен со капак за да се соединат вкусовите.
Овој сос е добар како самостоен оброк, прилог кон разни печења, помфрит......
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Klara pecyrkite kaj mene moze da gi sretnes od obicna kajgana,pica,gulas ma bukvalno vo se pa duri i taka od tegla bez przenje se grickaat:)