Испечати

Пита со сирење и пита со печурки( две пити )

Пита со сирење и пита со печурки(  две пити )

Состојки

  • 900 грама брашно тип 400
  • 20 грама свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • 1 лажичка сув магдонос
  • 350-450 мл топла вода
  • фил
  • 400 грама сирење
  • 1 жолчка
  • 100 мл зејтин
  • 300 грама печурки( шампињони од саламура )

Подготовка

Во сад за месење ги ставаме брашното, солта шеќерот, црвениот пипер и магдоносот и промешуваме. Претходно го припремаме квасецот, правиме кратер на средината од садот. Го замесуваме тестото со квасецот и водата и оставаме да стаса. Тестото да биде средно замесено.
Кога ќе стаса тестото го делиме на 8 топчиња. Од секое топче расукуваме тенка кора, ја попрскуваме со зејтин и додаваме од претходно изренданото сирење. Ја засукуваме кората од двете страни накај средината на кората и ја ставаме во подмачкан плех со зејтин или маргарин. Така правиме и со останатите топчиња.

Јас од ова тесто поделив за две плекчиња односно 5 топчиња за питата со сирење и 3 за питата со печурки. Корите за питата со печурки ги правев на следниот начин.
Секое топче од трите ги поделив на по две и ги развлеков со сукалка како јазик во должина околу 30цм, ширина околу 7 цм, попрскав со зејтин и додадов од печурките, претходно исецкани на ситно. Секое јазиче го преклопував и со другото направив плетенка. Плетенката ја засукав во круг. Додека да ги спремиме двете пити тестото ќе ни нарасне и питите веќе се спремни за печење.
Ги премачкуваме со малку зејтин и жолчка, посипуваме со ким и ги печеме питите една по една. Печеме на 200 степени околу 40 минути или во зависност од печењето на шпоретот. Питата излезе многу вкусна, па повелете има и за гости. Добар апетит.