Компирите се лупат и се варат. Кога ќе се сварат се цедат и се пасираат.
Во друг сад се става брашното, се додава солта, квасецот и се промешува. Се додаваат жолчките, маслото, пасираните компири и заедно со млакото млеко се замесува хомогено тестото и се обликува во топка. Се покрива со крпа и се остава на топло место 45 мин.да стасува.
На набрашнета работна маса се става тестото и се премесува. Се расукува кора со големина од 8 мм. и се сечат правоаголници 12 х 8 см. Се филува секој правоаголник и се витка во ролат по должина. Страните од пирошката треба добро да се затворат за филот да не излезе за време на пржењето. Во подлабок сад се става масло и се пржат пирошките рамномерно со постојано превртување. Се служат топли со јогурт или кисело млеко. )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови