Пирошки со парено тесто
Е од ова полесно .. здравје, а сепак вкусно. Рецептот е од Фармар. Бев љубопитна дали навистина ќе успее вакво тесто и таа светлосна брзина за која се прават, презадоволна сум, па можеби ќе се најде на некој од вас...
Значи вака
- Одмерете го брашното и ставете во садот во кој ќе го месите тестото.
- Во касеролата ставете вода да зоврие, врела исипете ја врз брашното и месете прво со лажица потоа домесете со рака. Покријте го или со влажна крпа или само поклопете го и оставете да се одмори околу 15 мин. а вие за тоа време спремте си фил со кој ќе ги полните. Јас имав сирење и ставив сирење, а со зденка или кашкавал ќе се перфектни.
- Направете 8 топчиња, на побрашнета површина расукајте или со рака сплескајте, ставете на едната половина од кората од филот, преклопете, стиснете ги рабовите да се залепат и така со сите.
- На зејтин пржете ги на потивок оган.
Нека ви е слатко!
- тестото веќе предпоставувате дека е лесно за работа, не му се плашете и нема да пукне од никаде. јас со рака ги истегнував коричките.
Лиценца: Сите права се задржани
Фала ти за рецептот Лиле :)