Пирошки (со лудо тесто)
Од тестото од мојот рецепт Пица тарт (со лудо тесто), како идеја добив да направам пирошки и добро испаднаа.
Од тестото се зема количина по потреба, се замесува со брашно понамеко да не лепи и да може да се развлече мала потанка коричка со правоаголна форма или се развлекува поголема танка кора и се сечат правоаголници онолкави колку што сакате да бидат големи пирошките.
Состојките за филот се мешаат со лажица (изборот на состојки може да е по желба), се става фил на едниот дел од тестото, се витка пирошка на која и се виткаат краевите да не испадне филот. Пирошката се валка во изматеното јајце, па во презла и се пржи. Пријатно!
Лиценца: Сите права се задржани