Испечати

Пирошки (со лудо тесто)

Пирошки (со лудо тесто)

Состојки

  • за *лудото* тесто по мојот рецепт Пица тарт (со лудо тесто)
  • за филот
  • 50 гр. пилешка салама (рендана)
  • 100 гр. кашкавал (рендан)
  • 50 гр. мешано сирење (рендано)
  • оригано, шарена сол, по желба кечап
  • за похување
  • 1 јајце
  • презла по потреба масло за пржење

Подготовка

Од тестото од мојот рецепт Пица тарт (со лудо тесто), како идеја добив да направам пирошки и добро испаднаа.

Од тестото се зема количина по потреба, се замесува со брашно понамеко да не лепи и да може да се развлече мала потанка коричка со правоаголна форма или се развлекува поголема танка кора и се сечат правоаголници онолкави колку што сакате да бидат големи пирошките.
Состојките за филот се мешаат со лажица (изборот на состојки може да е по желба), се става фил на едниот дел од тестото, се витка пирошка на која и се виткаат краевите да не испадне филот. Пирошката се валка во изматеното јајце, па во презла и се пржи. Пријатно!