Во една поголема длабока тава со капак загрејте го маслото на средно силен оган, па запржете ги парчињата месо, колку да добијат убава боја од сите страни. Извадете ги во сад на страна.
Во истата тава додајте ги кромидот, целерот и морковот и пржете додека не омекни, десетина минути. Додајте ги лукот и печурките, пропржете и вратете ги во тавата парчината месо. Додајте го виното, покачете ја температурата на готвење и пржете додека скоро не испари. Додајте ја содржината на лименката со домати, зачините, шеќерот, киселина, коцката за супа, посолете и побиберете. Намалете го огнот на тивко и оставете да се вари некаде 30 - 35 мин. Повремено промешувајте и ако сметате дека треба, додајте малку вода.
Додајте ги маслинките, измешајте и проварете десетина минути да се соединат вкусовите. Посипете со сецкан магдонос и сервирајте жешко со прилог по ваша желба или само со топол крцкав леб

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови