Испечати

Пилешко на ловечки начин

Пилешко на ловечки начин

Состојки

  • 1 пиле, само крупните делови
  • 3 - 4 лажици маслиново масло
  • 1 голема главица кромид, исецкана на коцки
  • 2 страка бел целер, исецкани на ребра
  • 2 моркови, исецкани на коцки
  • 150 гр чадена сланина, исецкана на коцки
  • 3 чешнина лук, ситно исецкани
  • 200 гр свежи шампињони, исецкани на ливчиња
  • 1 лименка (800 гр) конзервирани, сецкани домати
  • 100 мл суво бело вино
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 1 лажица Ачето Балсамико
  • 1 лажица сецкан свеж рузмарин, или 1 мала лажичка сув
  • 1 ловоров лист
  • 1 коцка за пилешка супа
  • 1 шоља Каламата маслинки, исчистени од коски
  • по вкус сол, бибер
  • малку ситно сецкан магдонос

Подготовка

Во една поголема длабока тава со капак загрејте го маслото на средно силен оган, па запржете ги парчињата месо, колку да добијат убава боја од сите страни. Извадете ги во сад на страна.
Во истата тава додајте ги кромидот, целерот и морковот и пржете додека не омекни, десетина минути. Додајте ги лукот и печурките, пропржете и вратете ги во тавата парчината месо. Додајте го виното, покачете ја температурата на готвење и пржете додека скоро не испари. Додајте ја содржината на лименката со домати, зачините, шеќерот, киселина, коцката за супа, посолете и побиберете. Намалете го огнот на тивко и оставете да се вари некаде 30 - 35 мин. Повремено промешувајте и ако сметате дека треба, додајте малку вода.
Додајте ги маслинките, измешајте и проварете десетина минути да се соединат вкусовите. Посипете со сецкан магдонос и сервирајте жешко со прилог по ваша желба или само со топол крцкав леб