8
ное
2013
Пилешки џигерчиња со кромид и соја сос
Џигерчињата измијте ги и ставете ги во вода да се обарат.
Кромидот исецкајте го на покрупни коцки.
Исецкајте ги на покрупни парчиња пиперките и целерот.
Ставете ги во тава со масло, додајте ги обарените џигерчиња и ставете да се запржат.
Откако ќе се запржат посолете ги, наросете мелен црн бибер, налејте ја водата и оставетена тивок оган да се динста.
Во текот на динстањето додајте го чилито во прав и соја сосот.
Ако има потреба налејте уште малку вода.
Пире
Компирите излупете ги, сварете ги и испасирајте.
Додајте го стопленото млеко, путерот, копарот и мешан сув зачин.
Убаво измешајте додека путерот се растопи и послужете со приготвените џигерчиња.
Лиценца: Сите права се задржани
Ќе пробам по твојот рецепт нареден пат :)