Пилешките срца и џигерчиња измијте ги и ставете ги во вода да зовријат.
Истурете ја водата и претурете ги џигерите и срцата во тава.
Во тавата додајте ги кромидот исечен на тенки кругови, ренданиот морков, шампињоните исечени на листови, сецканиот лук и оризот.
Налејте топла вода, додајте го сенфот и со лажица растворете го во водата.
Зачинете со мешан сув зачин, црн бибер, налејте масло и поклопете ја тавата со капак.
Оставете да се динста на тивок оган.
По потреба во текот на динстањето налевајте топла вода.
Откако јадењето е при крај додајте го сецканиот магдонос.
Гледајте водата на крај да не ви изврие многу, за да има и да си макате, бидејки сосот со зеленчукот е превкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани