Денес ќе готвиме од наградените рецепти на натпреварот Гурмет 8 во 1 пекач. Ќе го подготвиме рецептот на Маргарита, Пилешки џигерчиња со соја сос и лук.

Понекогаш наједноставните идеи се најдобри! Оние кои сакаат пилешки џигерчиња, ќе уживаат во оваа едноставна, но мудра иновација на овој класичен вкус, само со додавање на соја сос и лук.

Преземи го рецептот во PDF

  • Вид на оброк: Предјадење
  • Комплексност: Лесно
  • Број на лица: 2 лица
  • Време на подготовка: До 30 минути

Состојки

  • 500 грама пилешки џигерчиња
  • 1 големо чешне лук
  • 2 лажици соја сос
  • Сол и црн бибер
  • Масло за пржење

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.

Подготовка

Чекор 1: Вклучете го Гурмет пекачот на функцијата (Saute`) потпржување и почекајте да се загрее. Во загреаниот Гурмет пекач ставете малку масло, па пилешките џигерчиња да се пржат.

Чекор 2: Откако малку се потпржиле, исечкајте го лукот и додајте го на џигерчињата, а по него додајте го и соја сосот. Добро промешајте и гответе десетина минути, или додека џигерчињата да бидат готови.

Чекор 3: Сервирајте ги декорирани со магдонос, како предјадење, но може да се послужат и со пире или варен ориз како главно јадење.

СОВЕТ: Иако едноставен, ова е вкусен начин на подготовка на пилешките џигерчиња. Ви предлагаме да го пробате вака, а потоа, ако сте расположени за варијации, може да додадете и печурки, кромид или друг зеленчук!