Најпрво го сечиме стекот на парчиња и го чукаме со дрвен чук, посолуваме, ставаме црн пипер, оригано и секое парче го мачкаме со сенф.
Вака спремениот стек го натураме со млекото и го оставаме цела ноќ во фрижидер.
Наредниот ден стекот го редиме во тавата (намрсена) во која ќе го печиме/
Прво го редиме стекот, над него компирите сецкани на коцки, над компирите морковите исто така сецкани и печурките. Кога ќе завршиме со редењето го тураме виното и на крај маслото.

Го печеме околу 1 час на 200 степени и пред да го извадиме го натураме со павлаката и кашкавалот и печиме уште 15 мин.
Кога ќе имате гости на ручек еве една идеја плус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови