Печен пилешки увијач
Ова е нешто што го приготвувате со состојки кои ги имате во фрижидер, веднаш во моментот и порано сум напоменала ќе кажам и сега илјада комбинации по вкус. Стекчето се танчи добро со чук, се редат сите парчиња едно над друго малку да се преклопуваат по рабовите, веднаш се премачкува со 2 полни лажици мајонез и се роси рузмарин, малку сол...така со стојат додека се приготвува остатокот од продуктите. Настрана во помало садче се меша павлаката со остатокот мајонез(1 лажица) ,се прават резанки надолжно од карето и корнишони. На самиот раб од едната страна се става од ,,павлака,,смесата по цела должина на месото,по рабовите се затвора со корнишони,на средина се става каре,внимателно се вие во ролат,на крај процврстуваме со чачкалици.. На дното од садот каде ќе се печи ставаме малку растопен маргарин со презла преку него се поставува ролатчето. Маргаринот се топи на тивко,се премачкува цел ролат и на крај се валка во презла. Во загреана рерна на 200 се става да се печи 40 минутки,под фолија,при сам крај се вади фолијата се остава уште малку да добие златножолтеникаста боја. За сечење би требало да подолади,но бидејќи кај мене немаше услови за чекање,го пресеков топол инаку пресекот се знае дека е подобар на подизладен ролат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови