Вкусен ручек кој многу лесно се подготвува ако ги имате вистинските состојки.

Подготовка:

1. Пилешкото филе се чука со чекан за месо, му се става од двете страни од зачинот натурал и црниот пипер, се остава во фрижидер половина час да отстои.
2. Компирите, морковот и пиперката се сечкаат и се ставаат во Делимано тава,
се става масло, зачинот натурал, малку црн пипер и водата. Се меша сето со дрвена лажица, се реди стекот и се става во загреана рерна на 200 степени.
3. Повремено се превртува стекот од другата страна, се пече додека убаво да порумени сето, но без грижа, во тавата на Делимано, зеленчукот убаво и крцкаво ќе се испече, но нема да се залепи.

(527)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани