9
сеп
2021
Пилешки стек печен под сач
Доколку имате можност да направите стек под сач, воопшто не се мислете, превкусен е .
Подготовка:
1. Во тава го распоредуваме стекот, ги сечкаме компирите и кромидот, додаваме залини, масло и вода. Сè ова од око ставав јас.
2. После тоа, од горе, го ставаме загреаниот сач, на него ставаме, пак, од топлата пепел и малку жарчиња. Исто така и под сачот ставаме од жарчињата.
3. Го оставаме стекот, околу, 1 час да се направи, нормално од време навреме го проверуваме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови