Испечати

Пилешки стек печен под сач

Пилешки стек печен под сач

Состојки

  • 1 кг стек
  • 1 кг компири
  • 5-6 главици кромид
  • зачини
  • масло
  • вода

Подготовка

Доколку имате можност да направите стек под сач, воопшто не се мислете, превкусен е .

Подготовка:

1. Во тава го распоредуваме стекот, ги сечкаме компирите и кромидот, додаваме залини, масло и вода. Сè ова од око ставав јас.

2. После тоа, од горе, го ставаме загреаниот сач, на него ставаме, пак, од топлата пепел и малку жарчиња. Исто така и под сачот ставаме од жарчињата.

3. Го оставаме стекот, околу, 1 час да се направи, нормално од време навреме го проверуваме.