Кога стаса, со мерак решив да ја испробам новата алатка на Делимано за сечкање. Така, овој рецепт кој одамна чекаше конечно се реализира. Прво, секако, за проба исечкав и испржив обичен чипс, а потоа и овој. Мераци!

1. Компирот се лупи и се сечка многу танко, на 1 мм.

2. Круговите компири се редат на подлога во два реда по парови горе и долу. Едниот ред го мачкаме обилно со нишесте, а другиот со разматено јајце. Потоа паровите ги поклопуваме.

3. Со оштар нож ги сечиме краевите, за да добиеме квадрат, а потоа и квадратот на половина.

4. Во загреано масло се пржат по 2 ливчиња залепени меѓусебно. Во текот на пржењето помеѓу нив ќе се створи воздух и ќе дојдат како перничиња. Пржените ливчиња компира, одложете ги врз хартиена салфетка и гледајте да не се доближуваат додека се ладат.

5. Исто така, внимавајте и да се убаво залепени, да нема непрвилности од компирот, да отвора џебови, затоа што нема да се надујат и секако, испржете ги да се крцкави, никако не смеат да останат меки.
И за крај, секако, облик може да си направите и по ваша желба, како на пример да речиме ромбоиди.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови