Испечати

Чипс перничиња од компири

Чипс перничиња од компири

Состојки

  • еден или повеќе покрупни компири
  • неколку лажици нишесте
  • 1 јајце
  • масло за пржење

Подготовка

Кога стаса, со мерак решив да ја испробам новата алатка на Делимано за сечкање. Така, овој рецепт кој одамна чекаше конечно се реализира. Прво, секако, за проба исечкав и испржив обичен чипс, а потоа и овој. Мераци!

1. Компирот се лупи и се сечка многу танко, на 1 мм.

2. Круговите компири се редат на подлога во два реда по парови горе и долу. Едниот ред го мачкаме обилно со нишесте, а другиот со разматено јајце. Потоа паровите ги поклопуваме.

3. Со оштар нож ги сечиме краевите, за да добиеме квадрат, а потоа и квадратот на половина.

4. Во загреано масло се пржат по 2 ливчиња залепени меѓусебно. Во текот на пржењето помеѓу нив ќе се створи воздух и ќе дојдат како перничиња. Пржените ливчиња компир, ставете ги врз хартиена салфетка и гледајте да не се доближуваат додека се ладат.

5. Исто така, внимавајте и да се убаво залепени, да нема непрвилности од компирот, да отвора џебови, затоа што нема да се надујат и секако, испржете ги да се крцкави, никако не смеат да останат меки.
И за крај, секако, облик може да си направите и по ваша желба, како на пример да речиме ромбоиди.