Па нели сезоната на тиквички е во полн ек, ова е само уште еден рецепт во тој контекст.

Во сад со вода ставаме сув зачин, ја додаваме тиквичката сечкана на коцки и претходно излупена, вариме кратко време да не ни се превари. Доволни се 10 мин. Јајцето го вариме настрана, убаво да се свари, па се ренда на ситно. Кога ја тргниме од оган варената тиквичка се цеди, се лади и пасира, се додава рендано јајцето и сите останати состојки на крај посолете уште малку ако сметате дека е потребно. Оставете некој саат во фрижидер добро да се излади. Подеднакво е убава и како паштета на лепче и како лесна сезонска салатичка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови