Паштета од тиквичка
Состојки
- 1 тиквичка средна големина
- 1 јајце тврдо варено
- 150 гр. кисела павлака
- 40гр.кесичка пармезан трошки,лајче сув зачин
- 1 лајца мајонез лајт
Подготовка
Па нели сезоната на тиквички е во полн ек, ова е само уште еден рецепт во тој контекст.
Во сад со вода ставаме сув зачин, ја додаваме тиквичката сечкана на коцки и претходно излупена, вариме кратко време да не ни се превари. Доволни се 10 мин. Јајцето го вариме настрана, убаво да се свари, па се ренда на ситно. Кога ја тргниме од оган варената тиквичка се цеди, се лади и пасира, се додава рендано јајцето и сите останати состојки на крај посолете уште малку ако сметате дека е потребно. Оставете некој саат во фрижидер добро да се излади. Подеднакво е убава и како паштета на лепче и како лесна сезонска салатичка.