Паштета од пилешки џигер е вистински класичен француски рецепт и овде ќе го споиме со сладок мармалад од црвен кромид… Слатко – солена комбинација, толку лесна за подготовка.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 4 главици црвен кромид со средна големина
  • 1 чаша слатко црвено вино
  • 2 супени лажици кафеав шеќер
  • 250 грама пилешки џигер
  • 2 ловорови листа
  • 2 чешниња лук
  • 2 супени лажици бренди
  • 100 грама путер
  • Леб за сервирање
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Време е за сечкање: Прво ќе го исечкаме кромидот за мармаладот. Исечкајте го на кругови или дискови ,бидејќи со тоа ќе добиете специален ефект подоцна кога ке го сервираме јадењето.
Излупете го лукот но чешњињата оставете ги цели. Останатиот кромид исечкајте го да биде растресит...

Чекор 2: Време е да го направме мармаладот: Во тава за пржење ставете маслиново масло сол и бибер и загрејтеја на средна температура. Потоа ставете го кромидот и оставете го да се издинста, по неколку минути додадете го кафеавиот шеќер , можете да употребите и бел шеќер. Оставете го шеќерот да се стопи и да се измеша со кромидот. Потоа сипете една чаша црвено вино , ви препорачуваме да користите многу слатко вино кое можеби е преслатко за пиење но е совршено за овој рецепт. Оставете ја смесата да се крчка се додека испари целиот вишок течност од тавата и кромидот да стане леплив...

Чекор 3: Сега ќе ја правиме паштетата: Полесно не може да биде . Во загреана тава ставете ги кромидот и лукот а потоа и пилешкиот џигер . Потоа ставете ги ловоровите листови и прелите ги состојките со вода . Оставете ги состојките да се варат и крчкаат неколку минути додека џигерот да омекне а потоа исцедете ја водата и откако ќе ги извадите ловоровите листови ставете ги состојките во длабок сад. Ставете малку бренди и путер и измешајте, со блендер. Сакаме да добиеме смеса со мазна текстура бес грутки .

Чекор 4: Време е за сервирање: Јадењето сервирајте го со квалитетен леб, намачкајте ја паштетата и на крај ставете мармалад одозгора.

СОВЕТ: Овој рецепт можете да го направите однапред, и да им го сервирате на пријателите ,како предјадење на вечерата. Пaштетата всушност станува поубава кога малку ќе одстои во фрижидер...

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Сад за сос
Тава за пржењеСад за сос