6
дек
2021
Паштета од пилешки џигер со вргањ
Подготовка:
1. Во плех од рерна, ставете ги џигерот, печурките, исечканиот кромид и лук. Зачинете и оставете го да се пече отприлика половина час на 180 степени, (покриено со фолија)
2. Откако ќе се испече, оставете го малку да се олади, а потоа изблендирајте ја смесата.
3. Путерот измиксајте го и измешајте го со џигерот. На крајот убаво измиксајте го со рачен блендер.
4. По желба, во печењето можете да додадете и чадена сланина, отприлика 150 гр.
5. Прекријте ја паштетата со фолија и оставете ја во фрижидер 2-3 часа. Потоа можете да ја служите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови