25
дек
2014
Палента со пржен свински пафлак
Едноставен ручек, сладок во зимски денови.
Измиениот свински пафлак се сечи на коцки и се пржи на загреано масло, во кое по желба може да се додаде и 1 лажиче свинска маст. Се пржи убаво да зарумени.
Во тенџере на оган се става водата со солта и путерот да зоврие.
Се додава палентата и постојано се меша, се додека не се згусни.
Сварената палента одма се сервира на тањир и врз неа се ставаат парченца испржен свински пафлак.
По желба наросете со сува печена пиперка.
Напомена, палентата се вари во сооднос 1-3
Лиценца: Сите права се задржани