1. Сите состојки потребни за маринадата се мешаат и со нив се премачкуваат свинските ребра.
2. Во поголема тава (во која подоцна ќе се печат ребрата) се става маслиново масло, 6-7 чешниња лук и парчиња свеж ѓумбир и се пропржуваат за да пуштат вкусови.
3. Во истата тава се ставаат ребрата и се пропржуваат кратко од сите страни, а потоа во тавата се додаваат 150 мл бело вино и 350 мл телешки бујон.
4. Ребрата се печат 1 час на температура од 220-240 степени. За време на печењето се превртуваат од двете страни за да добијат подеднакво убава боја.

* Овој пат помфритот го заменив со пашканат којшто одлично се вклопи со свинските ребра.
Пашканатот се сече на тенки парчиња, се зачинува по желба и се пржи во претходно загреано масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани