Кцаната сол е типична за североисточниот дел на Македонија. Има преубав вкус, одлично се вклопува со многу јадења. Јас овојпат решив да испробам каков вкус би имале ребрата печени само со оваа сол. И резултатот повеќе од очекуваното....сочни ребра со преубав вкус.

Подготовката е сосема едноставна
Во најлонска фолија за печење ставете ги ребрата кцаната сол и малку црн бибер. Убаво Протресете ја фолијата и затворете ја добро. Фолијата со ребра ставете ја во плекче и печете на 200 степени, 1 час.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани