Печени свински ребра
Се зема парче од 2-3 килограми од свинските ребра.
Убаво се панглова - се вадат коските и месото се зачинува со маслиново масло, вмешаниот сув зачин, сенф, црн пипер, буковец, малку кари, неколку зрна јенибар..
Вака зачинетото месо се остава во фрижидер најмалку 12 часа. Се налива со 150 грама вода и 50 грама бело вино и се става во рерна каде што се печи 3 часа.
Се остава убаво да се излади, а потоа се сечи на парчиња.
До колку ви е тешко да го испангловате месото, не е задолжително, бидејки после печењето коските сами испаѓаат.
Вака го правам поради формата за сечење.
Во краен случај на убаво парче месо истријте ги сите зачини кои ги имате дома, маринирајте и печете 3-4 часа.
Нема грешка ;)
Лиценца: Сите права се задржани
bujrum vo sekoj slucaj, pozdrav
јас го купувам во грција, слика во зрна и мелен јенибар
зрната се малку поголеми од зрна бибер.Прилепски ширден без јенибар не е тоа што треба да биде.
Ако успеам да го објавам утре денешниот ручек, ке ги сликам зрната јенибар, ке ги прикачам а за вкусот повелете кај мене на гости,,,,
Fala :)
Dokolku nekoj znae dopolnitelno neka pise