3
јан
2016
Печени пикантни свински ребра
На ребрата им се отстранува ципата се премачкуваат убаво со комбинацијата од зачините и се става во тавичка за печење, се додава 150 мл. вода, се покрива убаво со фолија и се става во загреана рерна на 170 степени. Така подготвени се печат 2,5-3 часа или додека месото започне да се одделува од коската. Останатата течност од тавичката се отстранува. Готовите ребра се премачкуваат со готовиот сос за скара
Така подготвени може да се испечат на скара или пак во рерна на 220 степени без фен за 20-30 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови