Испечати

Печени пикантни свински ребра

Печени пикантни свински ребра

Состојки

  • 1-1,5 кг. свински ребра
  • 1 голема лажица кафеав шеќер
  • 1 голема лажица пушен црвен пипер
  • 1 голема лажица сенф во прав
  • 1 чешне ситно рендан лук
  • По потреба сол
  • Дополнително
  • 3-4 големи лажици домашен сос за скара

Подготовка

На ребрата им се отстранува ципата се премачкуваат убаво со комбинацијата од зачините и се става во тавичка за печење, се додава 150 мл. вода, се покрива убаво со фолија и се става во загреана рерна на 170 степени. Така подготвени се печат 2,5-3 часа или додека месото започне да се одделува од коската. Останатата течност од тавичката се отстранува. Готовите ребра се премачкуваат со готовиот сос за скара 
Така подготвени може да се испечат на скара или пак во рерна на 220 степени без фен за 20-30 минути.