Испечати

Печени свински ребра

Печени свински ребра

Состојки

  • 2-3 кгр свински ребра
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 лажица зачин
  • 1 мала лажичка сенф
  • 1/2 мало лажиче црн бибер
  • 1/2 лажиче лут буковец
  • 1/2 мало лажиче кари
  • 5-6 зрна јенибар
  • 150 мл вода
  • 50 мл бело вино

Подготовка

Се зема парче од 2-3 килограми од свинските ребра.
Убаво се панглова - се вадат коските и месото се зачинува со маслиново масло, вмешаниот сув зачин, сенф, црн пипер, буковец, малку кари, неколку зрна јенибар..
Вака зачинетото месо се остава во фрижидер најмалку 12 часа. Се налива со 150 грама вода и 50 грама бело вино и се става во рерна каде што се печи 3 часа.
Се остава убаво да се излади, а потоа се сечи на парчиња.

До колку ви е тешко да го испангловате месото, не е задолжително, бидејки после печењето коските сами испаѓаат.
Вака го правам поради формата за сечење.
Во краен случај на убаво парче месо истријте ги сите зачини кои ги имате дома, маринирајте и печете 3-4 часа.
Нема грешка  ;)