Свински ребра со кцана сол
Состојки
- 750гр. свински ребра
- 200гр. кцана сол ( мешавина од мелени чубрика, суви црвени пиперки, пченка, сол)
- прстофат црн бибер
Подготовка
Кцаната сол е типична за североисточниот дел на Македонија. Има преубав вкус, одлично се вклопува со многу јадења. Јас овојпат решив да испробам каков вкус би имале ребрата печени само со оваа сол. И резултатот повеќе од очекуваното....сочни ребра со преубав вкус.
Подготовката е сосема едноставна
Во најлонска фолија за печење ставете ги ребрата кцаната сол и малку црн бибер. Убаво Протресете ја фолијата и затворете ја добро. Фолијата со ребра ставете ја во плекче и печете на 200 степени, 1 час.
На здравје!!!