Еден прилог со свински црн џигер.
Обично може да се приготви мариниран, но овој пат ќе го подготвиме едноставно, само пржен и отстоен во млеко. Како плус можете да направите сос кој што сега ќе го објаснам.
Од вечер ставете го добро прочистениот џигер во млеко.
Јас му вадам се, сите жилички и тегави делови.
Не го зачинувам, не му правам ништо освен што го преливам со млеко.
Го покривам садот со најлонска фолија и го оставам во ладилник.
Утрото кога треба да го спремам, го загревам маслото убаво.
Ги пуштам парчињата џигер и ги пржам убаво.
Е сега како сос или подлога за него го спремам карамелизираниот сос од кромид и јаболка.
Кромидот ситно го сецкам и јаболкото исто така.
Може и да го изрендате.
Пржете ги на маслото. Додадете го и шеќерот, па карамелизирајте малку.
Додадете и путер, па благо промешајте.
Тргнете го сосот од шпоретот и сервирајте директно во чинијата.
Врз него може да оди и џигерот. Како додаток може да биде пире од компир.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови