Виножито палачинки со домати
Палачинките се еден од нашите омилени рецепти. Имаат неутрален вкус и пуфкаст изглед кој може да се комбинира на безброј начини. Покрај оние кои ги користиме овај пат ќе ви предложам на поинаков начин со домати, а вкусот е одличен.
1. Од дадените достојки направете палачинки и ако мислите да додавате прехрамбени бои делете ја смесата на делови колку што имате прехрамбени бои.
2. Во еден сад на оган ставете ги доматите на кои претходно сте им ја истуриле водата и додајте ги зејтинот и солта.
3. Испржете ги но не многу, бидејки доматот е од конзерва.
4.Откако ќе ги испржете додајте ги магдоносот и лукот и оставте уште 1мин да се пропоржат.
5. Смесата тргнете ја од оган и филувајте ги палачинките и сервирајте. Добар апетит...
Забелешка
Ако сакате парчињата домати да ви бидат уште поситни исечкајте ги со нож. Доматот не мора да е од конзерва може да искористите и обичен домат само што кога ќе го исечкате на парчиња не заборавајте дека треба да се пропржи повеќе додека да смекне.
Лиценца: Сите права се задржани
Tebe sekja cest, si se potrudila da prezentiras, receptot inaku ne e los, ne se site kako mene da imaat averzija prema boite...
Инаку друго по состав е се ок :)