Испечати

Виножито палачинки со домати

Виножито палачинки со домати

Состојки

  • За палачинки
  • 3 јајца
  • 500мл млеко
  • 9-10 лажици брашно
  • 50мл масло
  • 1 кафено лажиче сол
  • Фил
  • 400 гр (поточно една конзерва) Полимарк кубети томато
  • 3 лажици зејтин
  • по вкус сол
  • по желба лук

Подготовка

Пала­чин­ките се еден од нашите оми­лени рецепти. Имаат неу­тра­лен вкус и пуф­каст изглед кој може да се ком­би­нира на без­број начини. Покрај оние кои ги користиме овај пат ќе ви предложам на поинаков начин со домати, а вкусот е одличен.
1. Од дадените достојки направете палачинки и ако мислите да додавате прехрамбени бои делете ја смесата на делови колку што имате прехрамбени бои.
2. Во еден сад на оган ставете ги доматите на кои претходно сте им ја истуриле водата и додајте ги зејтинот и солта.
3. Испржете ги но не многу, бидејки доматот е од конзерва.
4.Откако ќе ги испржете додајте ги магдоносот и лукот и оставте уште 1мин да се пропоржат.
5. Смесата тргнете ја од оган и филувајте ги палачинките и сервирајте. Добар апетит...

Забелешка
Ако сакате парчињата домати да ви бидат уште поситни исечкајте ги со нож. Доматот не мора да е од конзерва може да искористите и обичен домат само што кога ќе го исечкате на парчиња не заборавајте дека треба да се пропржи повеќе додека да смекне.