Виножито мафини
Со миксер се мати маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа се ставаат јајцата, па пак се мати. Потоа постепено се додава брашното додека се мати и на крај млекото.
Смесата се дели во онолку сада колку што имате бои и во секој сад се става по една боја (може и сами да си правите бои како што сме учеле - жолта+плава=зелена, жолта+црвена=портокалова, црвена+плава=лилакова). Јас сум правела и со течни и со оние во прав, ама вториве даваат баш вакви јаки бои.
Во секое калапче за мафини ставајте едно по едно мало лажиче од секоја боја - може да ви бидат сите исти во бои како виножитото, или разни комбинации како моите. После секоја боја израмнете го тестото. Наполнете ги калапите околу 3/4 од висината. Печете ги во загреана рерна на 200С околу 20 минути - или проверете со чепкалка, кога ќе ја боцнете треба да излезе сува.
ЗА ШЛАГ (ПО ЖЕЛБА)
Оригиналниот рецепт беше со шлаг, ама јас не стигнав да го направам ниту еднаш, затоа што овие мафини привлекуваат одма да се изедат =)))))
Ако сакате да го направите, изматете ги пенесто путерот и шеќерот и потоа додајте го Маскрапонето. Со помош на готварски шприц направете куполи врз мафините.
Ако ептен сакате шлаг, а не ви се мати ваков, ставете шлаг пена, или купечки шлаг за матење во тетрапак.
Радувајте се =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мартин, баш да видиме што ќе каже сега...се ми се чини пак ќе и фали некоја состојка :))))
ју ноу ми соу уел :) :) :) :)
фали состојка - ЈАС! :) :) :) :)
... ама... не виножито бои ане, никако хахха знајш чии бои се тие, ќе треба име да им менуваме (се зезам)
А воопшто не е тешко да се направат, треба само малку повеќе време да се одвои, а и малку повеќе садови да се измијат :)))
И драга Клара, не дозволувам никој да ми го одземе виножитото, тоа е мое :) и навистина секогаш го поврзувам со најголема радост и среќа :)