Виножито мафини со пудинг
Мафиниве ги правев по желба на синчето, кој посака да му направам благо и шарено изненадување.
Стевете ги сите состојки (освен боите) во еден сад и изматете убаво со миксер. Нема потреба прво јајцата и шеќерот да ги матите, слободно изматете се заедно. Треба да добиете убава кремасата смеса.
Поделете ја смесата подеднакво во длабоки тањирчиња, во зависност од тоа колку бои ќе користите. Јас, еден дел од смесата ја оставив необоена, а во другите делови ставив портокалова, црвена, сина, зелена и виолетова боја. Измешајте ги боите и започнете да си играте!
Во калапите за мафини ставајте по четврт лажица од секоја боја. Редоследот на боите кај мене е следниов ~ сина, виолетова, зелена, црвена, портокалова, жолта (смесата во која нема прехрамбена боја) и обратно. Можете и други шари да правите како на пр. мармор.
Се печат на 180 степени 20 до 25 минути.
Кога ќе се испечат, оставете малку да се оладат во калапите, а потоа внимателно извадете ги од нив и украсете по желба.
Меки, сочни, се топат во уста! Наредниот ден тестото е уште посочно (јас правам дупла доза за да издржат до наредниот ден).
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Одлични се немам зборови, не ни дочитав до крај морав одма да искоментирам :) отидоа во омилени :)
Vi blagodaram za pofalbite! :))
По мојот рецепт, http://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8, а со крем од видео рецептот за Тортички http://moirecepti.mk/post/torticki.
Албетина, и твоиве ќе се пробаат, бтв, супер фотка ;)
Ti blagodaram Ana!
Sleden pat planiram da probam so: kurkuma za zolto, borovinki za sino, ke vidime sto ke bide crveno za da e dovolno crveno - a posle drugite boi se dobivaat od ovie.
http://bonzaiaphrodite.com/2013/03/natural-homemade-food-coloring-for-baking-frosting-and-easter/
Jas godinava probav nekoi za boenje veligdenski jajca..zoltite so kurkuma (turmeric) bea mnogu ubavi, tie so cvekloto roze, ama deka bese od tegla tecnosta so kiselina, gi nagriza, i so spanakjot bledo zelenkasti :)