Непечена торта со кроасани
Најпрво се подготвува белиот фил.
Од млекото се зема 150 мл. и во него се раствара прашокот за пудинг и нишестето. Другото млеко со шеќерот се става да проврие. Откако ќе почне да врие се истура предходно растворениот пудинг и нишесте, се меша непрекинато додека убаво да се згусти и се додава чоколадата, се меша додека да се растопи и чоколадата. Се трга настрана да се олади. Истата постапка е и за црниот фил. Се оставаат и двата фила да се оладат. Кога ќе се оладат и во двата фила се додава предходно убаво изматениот маргарин.
Бисквитите се потопуваат една по една по 3-4 секунди во млако млеко и се редат (5х7). Бисквитите се премачкуваат со белиот фил, па се редат и кроасаните (3х3). Врз кроасаните се става црниот фил. Убаво се израмнува и црниот фил, и врз него се редат бисквити. Последниот ред бисквити се премачкува со предходно растопен на пареа еурокрем.
За украсување се изматат 2 шлаг крема со млеко и се посипува со рендана чоколада.
Оваа торта е лесна, брзо се припрема, без печење, многу е вкусна и излегуваат многу парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Светле, во право си, не треба да се сомневаш за вкусот на тортата, како нема да биде вкусна, кога е богата со фил од пудинг, чоколада и еурокрем, и на крај шлаг крем од ванила .......
Сање среќни новогодишни и божиќни празници
ти посакува Љубица