Брзински колач кој не бара многу посветеност околу подготовката, а е навистина вкусен и лесен. Ако ме прашате од каде му е името немам одговор, а запишан ми е од колешката ми Ема.

1. Во 100 гр млеко се става прашокот за пудинг и густинот да се растворат.
2. Остатокот од млекото се става на оган да почне да врие, па му се додава измешаниот пудинг со густин и се меша додека да згусне. Се остава да се лади.
3. Путерот и шеќерот во прав пенесто се матат со миксер.
4. Двете смеси се соединуваат со миксер.
5. Во кремот се кршат бисквитите, се сечкаат бананите и се додава кокос. Сето ова се промешува, се соединува и се става во соодветно тавче. Ја оставате да се стегне во фрижидер.

Забелешка
Јас премачкав силиконската четвртаста тава од Делимано со путер и целата смеса ја ставив во неа. Ако сакате можете да си формирате и ролат од оваа смеса.
Колачот е благ, има шеќер, бисквити и банани во него, па поради тоа кога го подготвувам пудингот не ставам во него шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани