На помало тавче се редат бисквитите во еден ред како подлога.
Се премачкуваат со млеко и малку рум.
На страна на затоплена плотна го загреваме млекото.
Додаваме малку рум и шеќер.
Промешуваме да се изедначи смесата.
На страна во длабок сад го мешаме густинот со малку млеко и откако е добро изедначен го додаваме во претходно зовриеното млеко.
Цела постапка треба да се одвива на слаб оган околу 2 минутки .
Во врелата смеса се додава и растопениот путер.
Готовиот крем го прелеваме врз бисквитите.

Одиме со подготовка на вториот крем.
На слаб оган ја ставаме слатката павлака да се затоплува.
Ги кршиме двете чоколада во неа и промешуваме да се стопат.
Откако постепено почнува да врие, ја тргнуваме смесата од оган и ја прелеваме врз претходниот крем.
Се остава да се лади.
Ладно се служи во вид на сладолед колач.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови