Лесен, в уста се топи, освежувачки, прекрасен со еден збор. Брзо се прави особено кога ќе му го земете редот, нема ни да ви треба рецепт, до толку е едноставен.

Подготовка:
1. Направете го пандишпанот по стандарден начин, изматете ги јајцата со шеќерот, и потоа додадете го маслото. Изматете убаво, па на крај додадете го просеаното брашно со пецивото. Измешајте со дрвена лажица и ставете ја смесата во Делимано 20 на 30 цм правоаголна тава. Печете 15тина минути на 180 степени.

2. Во меѓувреме ставете го овошјето заедно со 1 литар вода и шеќерот да варат само колку да омекни овошјето и водата да добие малку арома на праска. Од оваа течност земете 200 мл откако ќе се свари овошјето и потурете го печениот пандишпан со течноста. Праските наредете ги врз пандишпанот.

3. Во преостанатите 200 мл ладна вода, растворете ги пудинзите и ставете ги во водата од праските и припремете го пудингот. Ставете го пудингот дур е жежок врз праските и пандишпанот. Оставете да се излади убаво. На крај припремете 2 или 3 шлага и нанесете ги врз колачот. Оставете во фрижидер да се излади убаво па потоа послужете.

На здравје

Напомена-наместо праски, може да користите кајсии, јаболка, вишни...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови