Ова е повеќе идеја отколку рецепт. По некој пат се здосадува од класичните сендвичи па комбинираме состојки и вкусуваме нешто несекојдневно.

Подготовка
1. Лукчето и киселите краставички ситно ги сечкаме. Ги соединуваме со зачините, мајонезот и киселата павлака.
2. На кришка леб мачкаме од намазот, редиме листови кашкавал и ставаме гранчиња свеж копар. Поклопуваме со друга кришка леб и го сечеме дијагонално.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани