Шницлите ги толчиме( чукаме ) со дрвен чук.
Ги посолуваме и поросуваме со мелен бибер од двете страни.
Во загреана тава со масло ги пржиме на силен оган 6 минути и во тавата додававме и малку вода.
Откако ќе бидат еднакво испржени од двете страни, ги вадиме.
Во истото масло го пропржуваме ситно исецканиот лук, го додаваме вареното гравче и исецканиот копар.
Кратко пропржуваме и сервираме.

Уживајте во едно од најомилените јадења на мојата фамилија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови