Свински шницли со грав и копар
Состојки
- 300 гр. свински шницли ( 4 тенки парчиња)
- 5 чешњина лук
- 250 гр. бел грав ( предходно сварен, но може и од конзерва)
- 1 врзоп копар
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер
Подготовка
Шницлите ги толчиме( чукаме ) со дрвен чук.
Ги посолуваме и поросуваме со мелен бибер од двете страни.
Во загреана тава со масло ги пржиме на силен оган 6 минути и во тавата додававме и малку вода.
Откако ќе бидат еднакво испржени од двете страни, ги вадиме.
Во истото масло го пропржуваме ситно исецканиот лук, го додаваме вареното гравче и исецканиот копар.
Кратко пропржуваме и сервираме.
Уживајте во едно од најомилените јадења на мојата фамилија.