Испечати

Млечен клуб сендвич со свеж копар

Млечен клуб сендвич со свеж копар

Состојки

  • 4 парчиња тост леб
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица мајонез
  • 1-2 лукчиња по вкус
  • 2-3 кисели краставички
  • 4 парчиња кашкавал
  • неколку гранчиња свеж копар
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Ова е повеќе идеја отколку рецепт. По некој пат се здосадува од класичните сендвичи па комбинираме состојки и вкусуваме нешто несекојдневно.

Подготовка
1. Лукчето и киселите краставички ситно ги сечкаме. Ги соединуваме со зачините, мајонезот и киселата павлака.
2. На кришка леб мачкаме од намазот, редиме листови кашкавал и ставаме гранчиња свеж копар. Поклопуваме со друга кришка леб и го сечеме дијагонално.

На здравје!