Денес ќе готвиме од наградените рецепти на натпреварот Гурмет 8 во 1 пекач. Ќе го подготвиме рецептот на Елиза, Полнети ќебапи со топено сирење и копар.

Ќебапите секогаш ветуваат вкусен оброк, а овде ги збогатуваме со полнење од топено сирење и млад лук, и ги зачинуваме со копар. За двојно побогат вкус, ги маринираме во прелив од јогурт и сенф.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

За ќебапи:

  • 500 грама мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица мешан зачин
  • 1 лажица сув копар (уште подобро ако најдете свеж)
  • 1 лажица презла
  • Сол и бибер
  • Малку масло
  • Лебни трошки за похување

За полнење:

  • 5 парчиња топено сирење
  • 2 парчиња млад кромид или лук

За прелив:

  • 120 мл. јогурт
  • 1 лажица сенф

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.

Подготовка

Чекор 1: Измешајте го меленото месо со ренданиот кромид, зачините, лебните трошки и малку масло. Со рацете измесете да добиете рамномерна смеса. Поделете ја на 5 еднакви дела.

Чекор 2: На пластична фолија ставете малку масло и од секој дел притисете со рацете да добиете тенка кора. Во средината ставете го топеното сирење и сечканиот млад лук, па завиткајте со помош на фолијата за да добиете форма на ќебап. Оставете ги 1 час во фрижидер за да се соединат состојките.

Чекор 3: Направете прелив од јогурт и сенф, и прелијте ги ќебапите, па оставете ги уште 30 минути малку да се маринираат.

Чекор 4: Вклучете го Гурмет пекачот малку погоре од функцијата (Steam) Готвење на пареа и пржете ги ќебапите рамномерно од сите страни.

Чекор 5: Сервирајте ги во лепиња, со уште малку сечкан млад лук. Уживајте во експлозија на вкусови!

СОВЕТ: Доколку сакате добро печени ќебапи, може да го завршите процесот на готвење уште 15 минути во рерна. Преливот од јогурт и сенф може да го пробате и како маринада за пилешко месо!