Овој декоративен ролат кој се подготвува многу брзо може да си го правите секојдневно или пак да ви послужи за некој повод.

За првиот дел лебот го разронуваме и го ставаме во месото. Ги додаваме зачините, ренданиот кромид, па убаво промешуваме и ја ставаме смесата во фрижидер.
За вториот дел ги мелеме пилешките гради на сечко и во нив ги ставаме зачините, ренданиот кромид и миксот од семки. Смесата убаво ја промешуваме да се соедини.
Помеѓу две најлонски фолии го ставаме мешаното мелено месо и со сукало го израмнуваме за да биде подеднакво насекаде, а формата да му биде правоаголна. Истото го правиме и со пилешкото месо кое потоа го префрламе над мешаното месо. Виткаме ролат, го ставаме во намрсена тава и го намрсуваме со 2-3 лажици масло.
Печеме на 180 степени околу 50 минути.

Забелешка
Мене ми излегуваат и вообичаено правам два ролата. Ги делам двете смеси на половина и формирам два ролати. Така ми е поедноставно, а и со оваа количина некако ми се поубави ролатите и така ми ги собира двата во тава.
Почекајте да се подизлади за да го сечете, ама и топол е убав за сечење, секако ми е пробано.
Во овие ролати не ставив јајца, а може и со јајца да се направат. Семките можете малку и да ги потпечете пред да ги измешате со месото, за да бидат покрцкави. Јас пак не го правам тоа за да ги задржат корисните состојки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани