Месен ролат со сирење
Убаво солено пециво...
Подготовка.
Од состојките за тесто замесуваме средно меко тесто. Не заборавајте да го подмесите квасецот пред да го додадете во брашното. Оставете го тестото да стаса околу четириесет и пет минути покриено.
Кога тестото ќе стаса расукуваме правоаголна форма. Сирењето здробете го или изрендајте го врз кората. Замотајте ролат кој ќе го премачкате со јајце изматено заедно со зејтинот и наросете сусам. Ролатот го обложуваме во плех и го печеме на 200степени половина час или додека не добие златно жолта боја. Оставете го да се подизлади тогаш сечете.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани