Празничен месен ролат
Топла препорака за овој мошне вкусен и декоративен ролат.
Подготовка:
1. Најпрво пилешкото месо се чисти од жиличките и се мелe во сецко. Кромидот ситно сецкан се пржи заедно со печурките и се зачинува.Тука може да додадете и лук во прав. Кога ќе олади, се меша со месото.
2. Кашкавалот се ренда, се додаваат другите состојки, мелен црн пипер и се убаво се соединува.
3.Во плех на хартија се реди сланината, како на дополнителната фотографија, се става врз неа делот со кашкавалот. Се запекува во загреана рерна на 200 степени, 10-15 минути, за да може да се витка.
4. Потоа над него се става месниот дел и се витка убаво во ролат, со се хартија. Појасно се воочува на дополнителните фотографии. Се пече на 200 степени, 30 минути.
5. После изминатото време се сече хартијата од горниот дел и се допекува додека сланината добие убава румена боја.
6. Се остава малку да одмори и се сече.
Подеднакво вкусен и топол и ладен.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Ви благодарам дами :-)
Навистина е прекрасен, необичен :-)