Ментол сладоледна торта After eight ice cream dessert
Го сакам вкусот на ментол и чоколадо, па по зададената тема си поставив задача да направам и еден ваков летен десерт, при што се доби одличен спој на вкусови и текстура.
Подготовка
1. Чоколадото со путерот ги топиме на тивок оган. Бисквитите ги мелеме на сечко. Ги мешаме состојките и во нив додаваме сок и кора од еден портокал. Ја распоредуваме смесата во тавче за тарт и го ставаме во замрзнувач.
2. Жолчките со шеќерот ги матиме до згуснување и светло жолта боја. Слатката павлака ја матиме до згуснување па ја соединуваме со жолчките. Го додаваме екстрактот и чоколадните трошки и капки, како и шеќерните зелени перли. Промешуваме и го размачкуваме на бисквитната подлога. Го враќаме во замрзнувач и откако добро ќе излади дегустираме.
Забелешка
Калкулирајте со сокот од портокал кога ќе ја соединувате подлогата за тортата, за да добиете смеса како за бомбици, да не биде многу густа, ама ни многу ретка. Мене ми отиде сок како што ми е пишано, а портокалот беше баш сочен, ама тоа зависи и од бисквитите.
Кога ќе ја распоредувате смесата можете да ставите и најлон фолија прво на тавчето, за да полесно ви се вадат парчиња. Јас не ставив, па малку ја оставав надвор од замрзнувач за да извадам добро парче.
Користев чоколадо со 52 % какао.
Доколку имате свежо нане слободно ситно насечкајте неколку листа во сладоледот.
Ако сакате посилна нијанса на зелено додадете зелена прехрамбена боја.
Лиценца: Сите права се задржани