Меки кифли виткани на трска
Прво во млакото млеко се оставаат шеќерот и квасецот да втасаат.
Се додаваат маслото, солта, јајцето и брашното.
По потреба се додава брашно, се меси со рака се додека тестото не почне да прави меури.
Треба да се добие средно тесто.
Се остава да се одмори 15 минути.
Потоа се дели на топчиња со големина на орев.
Со раце се прави долга форма како молив и трската која претходно е малку премачкана со масло, се обвиткува со тестото.
Се редат во плех, се премачкуваат со 1 жолчка со 1 лажиче масло измешани, му се става по мала коцкичка маргарин, се наросуваат со лен и киснат 10-15 минути.
Се печат, се вадат од рерна и со нежно движење се вади трската.
Се сервираат по ваша желба .
Лиценца: Сите права се задржани
Кај Дани има посни на трска, еве кај тебе и Лили и друга варијанта ... таман колекција :)
и така ги полнев кифливе.Беа ем декоративни, ем вкусни.
се отепав од барање ама не најдов нигде.побарајте, можеби вас ке ви успее во поголемите градови да најдите.