Меки кифли виткани на трска
Состојки
- 300 мл млеко
- 125 мл масло
- 1 јајце
- 1 коцка квасец
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 600 гр брашно
- За премачкување
- 1 жолчка
- 1 лажиче масло
- 30 гр лен
- 50 гр сецкан маргарин
- 20-30 стапчиња од трска или од пченка, долги по 15-20 цм
Подготовка
Прво во млакото млеко се оставаат шеќерот и квасецот да втасаат.
Се додаваат маслото, солта, јајцето и брашното.
По потреба се додава брашно, се меси со рака се додека тестото не почне да прави меури.
Треба да се добие средно тесто.
Се остава да се одмори 15 минути.
Потоа се дели на топчиња со големина на орев.
Со раце се прави долга форма како молив и трската која претходно е малку премачкана со масло, се обвиткува со тестото.
Се редат во плех, се премачкуваат со 1 жолчка со 1 лажиче масло измешани, му се става по мала коцкичка маргарин, се наросуваат со лен и киснат 10-15 минути.
Се печат, се вадат од рерна и со нежно движење се вади трската.
Се сервираат по ваша желба .